ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија
Раното откривање! Спасува живот.
Fight strong
Fight together
Ве известуваме дека за потребите на пациентите се отвара телефонски број.
Сите потребни информации можете да ги добиете на
075/342-048
, секој работен ден од
13:00 до 14:00
часот.
НАПОМЕНА: Телефонскиот број се става во функција од 20.06.2025.
Ве молиме да се запази временскиот термин.
ИЗВЕСТУВАЊЕ:
Ве информираме дека досегашната службена е-пошта на ЈЗУ УКРО
radioth@t.mk
повеќе нема да биде во употреба
и се заменува со новата службена е-пошта
ukonkologija@zdravstvo.gov.mk
Главна дејност на клиниката
Дејноста на Клиниката за радиотерапија и онкологија започна одамна, а продолжува во време кога оние кои знаат да бидат во чекор со времето победуваат. Научивме да бидеме во чекор благодарение на досегашното искуство и долгата традиција на лекување на пациенти со малигни заболувања. Врвни професионалци во својата област ја водеа и продолжуваат да ја водат клиниката низ нови случувања, па затоа продолжија да ја обновуваат со нови технологии и знаења преку многу обуки, семинари и конгреси.
Преку видео материјалот може да го истражите историскиот развој на Македонската радиотерапија! Откријте како оваа област на медицината се развивала преку годините, со влијанието на најновите технолошки и медицински напредоци. Не пропуштајте можност да го истражите овој важен дел од нашата медицинска историја.