Новости од клиниката
Зајакнување на онколошките капацитети со поддршка од IAEA
На ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија се одржа работна средба со претставници од УИ за позитрон-емисиона томографија од Скопје, Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина и експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA).
Поддршката од IAEA е исклучително важна за јакнење на капацитетите на Клиниката, едукација на кадарот, воведување нови техники и подобрување на квалитетот на здравствените услуги.
Продолжуваме посветено да работиме за подобра и посовремена грижа за онколошките пациенти.
