Новости од клиниката
Благодарност до Macedonia2025 за донацијата на современиот апарат VeinViewer
Изразуваме искрена благодарност до Macedonia2025 за донацијата на современиот апарат VeinViewer за ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија.
Оваа опрема ќе овозможи полесно и попрецизно пронаоѓање на вените, побезбедно воспоставување венски пристап и намалување на непријатноста при медицинските интервенции. Особено ќе биде значајна за пациентите со малигни заболувања, кои честопати се подложени на долготрајни и повторувани терапии.
Ви благодариме што со оваа хумана донација придонесувате за подобра, посовремена и поквалитетна грижа за нашите пациенти.
