Дејноста на Клиниката за Радиотерапија и Онкологија започна многу одамна, а продолжува во време кога победуваат оние кои знаат да чекорат со времето. Ние научивме да чекориме благодарејќи на досегашното искуство и долгогодишната традиција на лекување пациенти болни од малигна болест. Врвни професионалци во својата дејност ја воделе и продолжуваат да ја водат клиниката низ нови подеми па така, продолжиле да ја обновуваат со нови технологии и знаење преку многу обуки, семинари и конгреси.
Главна дејност на клиниката се Онкологија и Радиотерапија, меѓутоа клиниката располага и со сопствена Биохемиска лабораторија и оддел за Патологија и Хистопатологија. Со сите оддели раководат вистински професионалци, доктори или професори кои можат да се вбројат меѓу ретките искусни и посветени здравствени работници со долгогодишно искуство.
Наши вредности
Врвни професионалци во својата дејност ја воделе и продолжуваат да ја водат клиниката низ нови подеми па така, продолжиле да ја обновуваат со нови технологии и знаење преку многу обуки, семинари и конгреси.