ОДДЕЛОТ ЗА РАДИЈАЦИОНА ФИЗИКА И ЗАШТИТАТ ОД ЈОНИЗИРАЧКИ ЗРАЧЕЊА има простор, опрема и медицински кадар за извршување на високо специјализирана здравствена заштита (специјалистичко-супспецијалистичка, консултативна, болничка и наставно–научна дејност).

Терапевтската дејност на одделението се спроведува преку следните стандардни оперативни постапки/процедури, поврзани со спроведување на протоколи од терциерно ниво на здравствена заштита и тоа:

- Симулација на перкутана зрачна терапија со позиционирање и имобилизација.

- Планирање на перкутана зрачна терапија и тоа еднодимензионална, тридимензионална конформална и тридимензионална конформална радиотерапија со модулиран интензитет, како и радиотерапија водена од слика.

- Планирање на интракавитарна и контактна брахитерапија.

- Спроведување на интракавитарна и контактна брахитерапија.

- Планирање на ортоволтажна радиотерапија.

Дополнително, со цел спроведување на терапевтската дејност на одделението обезбедени се следните активности:

- Консултации во врска со радиотерапискиот третман од област на дозиметрија, контрола на квалитет на планирање и спроведување на зрачен третман, како и од  област на заштита од јонизирачко зрачење.

- Калибрација на изворите на јонизирачко зрачење.

- Контрола на квалитетот на симулациските апарати. 

- Контрола на квалитетот на изворите на јонизирачко зрачење.

- Контрола на квалитетот на компјутерскиот систем за планирање на третманот и трансфер на планот на радиотераписките машини

- Оптимизирање на заштита од јонизирачко зрачење на пациентите и останатите лица.

- Дизајнирање на инсталациите за зрачење и контрола на заштитата од зрачење.

- Утврдување на потребните карактеристики на зрачните уреди и уредите за симулација на зрачен третман.

- Воведување во употреба на радиотераписки уреди и уреди за симулација на зрачен тертман.

- Консултации за решавање на проблеми поврзани со безбедно спроведување на радиотерапијата.

- Дозиметриски мерења и проценки на радијациониот ризик.

- Моделирање на радиобиолошките ефекти и определување на фракционирања и дозирања за нестандардни случаи.

- Едукација на здравствените работници, соработници и останатиот персонал од области од физиката од значење за радиотерапијата и заштитата од јонизирачко зрачење.

Се користат современи тераписки протоколи и методи според препораките од Законот за здравствена заштита, во склад со протоколите од Медицина базирана на докази објавени во Службен весник 2014 година и надополнети во 2015година.


image