БОЛНИЧКА АПТЕКА е регистрирана со дозвола за вршење на фармацевтска дејност со што овозможува влез на лекови и потрошни материјали од добавувачите како и други активности поврзани со фармацевтската грижа.

Во Болничка аптека се вршат следните работи:

- прием на лекови од добавувачи и нивно соодветноевидентирање;

- издавање на лекови до одделенија и нивно соодветно евидентирање

- складирање и чување на лекови и нивно соодветноевидентирање

- координирање на работата на Болничката аптека со останатите здравствени единици;

- координирање со Фармацевтските представништва и добавувачите за нови информации во врска со лековите, тековни проблеми поврзани со лековите и решавање наистите;

- координирање со Клиничка аптека и Заеднички служби, нарачки, организирање и транспорт на потрошнитематеријали;

- изготвување на годишен план за лекови и потрошенматеријал;

- изготвување на месечни требовања до добавувачи за потребите на пациентите наклиниката;

- дополнителни активности за специфичната набавка кај лековите во непредвидени ситуации, неподносливост на лекот, ненавремени испораки, дефицит од соодветни лекови на пазароти.т.н.;

- изготвување на техничка спецификација за лекови за потребите на одделението за Јавни набавки;

- ја координира работата на сателитските аптеки на одделите во врска со чување, подготвување на терапија за пациентите, оптимизација на терапија која се пропишува,прилагодување и режим на дозирање како и правилна клиничка употреба налековите;

- проценка и подобрување на придржување кон терапија напациентите;

- обезбедување на информации за лекови и терапии за потребите на Болничката аптека и другите оддели наклиниката;

- евидентирање и следење на несакани дејства од лекови кои се издадени од Болничката аптека–фармаковигиланца;

- работа на одделение-терапевтскимониторинг;

- едукација и советување напациентите;

- превземање на мерки за минимализација на ризиците, следење на заболувањата со цел да се предвидат можни несакани настани , неподносливост на соодветни лекови, синергизам и антагонизам, и воведување на нови лекови и методи во лекувањето;

- стручно учество во тендерски комисии, Болнички терапевтски комитет, визита на хоспитализирани пациенти, учество на стручнисостаноци,

- предлага решенија за развој и унапредување на работата во Болничката аптека и Клиниката, едукација согласно современите развојни трендови на EAHP (European Association of Hospital Pharmacists), ESOP ( European Society for Oncology Pharmacy), ESCP ( European Society of ClinicalPharmacy);

- се вршат и други работи согласно потребите на Болничката аптека и Клиниката.