Новости од клиниката

Заедничка прес конференција на УКРО и ФЗОМ

Created:
04 апр. 2026

Почитувани,

На ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија за 2026 година е обезбеден зголемен буџет од страна на Фондот за здравствено осигурување наменет за унапредување на здравствените услуги и подобрување на грижата за пациентите со онколошки заболувања.

Оваа поддршка претставува значаен чекор во јакнењето на капацитетите на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија и во обезбедувањето современ и континуиран онколошки третман.

Во рамки на активностите беше презентирана и стереотаксичната радиотерапија (SRT), современа и високопрецизна метода која овозможува прецизно насочување на зрачењето кон туморските лезии, со максимално поштедување на околните здрави ткива. Оваа техника е особено значајна за третман на лезии во критични анатомски локализации, вклучително и во мозокот.

Остануваме посветени на обезбедување поголема достапност до иновативни терапии и континуирано унапредување на квалитетот на грижата за пациентите со онколошки заболувања во Македонија.