Новости од клиниката
12-ти Конгрес на радиолошките технолози на Македонија во Струга
Тимот на Клиниката за радиотерапија и онкологија учествуваше на 12-тиот Конгрес на радиолошките технолози на Македонија во Струга.
Нашите доктори, радиолошки технолози и медицински физичари споделија современи пристапи во онколошкото лекување, со посебен акцент на искуствата од примената на стереотактичната радиотерапија — значаен чекор кон уште попрецизен третман на пациентите.
Во рамки на конгресот се одржа и шестиот „Train the Trainers“ курс, со поддршка на ESTRO и IAEA, посветен на континуирана едукација и размена на знаења.
Заедно продолжуваме да ја унапредуваме онколошката грижа — со знаење, тимска работа и пациентот во центарот на нашата посветеност.
