ОДДЕЛОТ ЗА РАДИОТЕРАПИЈА И БРАХИТЕРАПИЈА има простор, опрема и медицински кадар за извршување на високо специјализирана здравствена заштита (специјалистичко-супспецијалистичка, консултативна, болничка и наставно–научна дејност).
Брахитеапијата претствува внатрешно т.е интерактивно или суперфецијално зрачење на , генерирано од природен или вештачки радиоактивен изотоп.
Дијагностичката и терапевтска дејност на одделот се спроведува преку следните стандардни оперативни постапки/процедури, поврзани со спроведување на протоколи од терциерно ниво на здравствена заштита и тоа:
- упатување на пациенти или биолошки примероци за изведување на потребни дијагностички постапки во склоп на останатите оддели на клиниката (цитологија, патохистологија, лабораторија);
- упатување на пациенти за изведување на потребни дијагностички постапки кон соодветни медицински профили и институции надвор од клиниката, за дијагностички опции кои не се изведуваат на клиниката;
- припрема на пациентите за брахитераписки третман: реализација на интракавитарна брахитерапија (интравагинална апликација, утеро-вагинална апликација), интерстицијална, интралуминална и контактна брахитерапија;
- 2Д и/или 3Д – КТ симулација за планирање на брахитерапискиот третман;
- реализација на брахитерапискиот третман (2Д, 3Д);
- припрема на пациентите за имобилизација и позиционирање за EBRT;
- 2Д и/или 3Д - КТ симулација за планирање на радиотераписки третман;
- реализација на радиотерапискиот третман (2Д, 3Д,ИМРТ);
- спроведување на палијативна брахитерапија и перкутана радиотерапија;
- администрирање на системска терапија со апликација на хемотерапија, имунотерапија, целна терапија, хормонска терапија, бисфосфонатна терапија;
- следење и менаџирање на одговорот од спроведениот онколошки и/или радиотераписки и/или брахитераписки третман;
- администрирање на трансфузија на крв и/или крвни деривати со мониторирање на рани и доцни посттрансфузиски реакции;
- администрирање на симптоматска терапија или заместителна терапија по апликација на системска терапија;
- превенција, препознавање, проценка, купирање и следење на несакани ефекти од аплицираните лекови, како и други проблеми поврзани со нивната примена, со уредно и навремено пријавување на истите;
- амбулантско следење и/или хоспитализација;
- учество во туморски бордови со мултидисциплинарен пристап, конзилиумско разгледување на сите диференцијално дијагностички опции и третман, со цел пружање соодветна здравствена заштита на пациентот;
- второ мислење за здравствена постапка или услуга;
- воведување на нови тераписки процедури и нови протоколи на лекување согласно медицина базирана на докази;
- едукација и обука на лекари на специјализација и во научно истражувачка дејност на клиниката.
Се користат современи тераписки протоколи и методи според препораките од Законот за здравствена заштита, во склад со протоколите од Медицина базирана на докази објавени во Службен весник 2014 година и надополнети во 2015година.