Новости од клиниката
Четири години успешна работа со Varian Halcyon Radiotherapy System
Денес Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија – Скопје одбележува четири години од почетокот на клиничката работа со Varian Halcyon Radiotherapy System.
Оваа современа технологија овозможи прецизен, безбеден и ефикасен радиотераписки третман за голем број пациенти, согласно современите меѓународни стандарди.
Овој успех е резултат на посветеноста, стручноста и тимската работа на лекарите, медицинските физичари, радиолошките технолози, медицинските сестри и целиот персонал на Клиниката.
Им благодариме на пациентите за довербата, а на сите вработени за нивната професионалност, одговорност и посветеност.
Продолжуваме со истата мисија – обезбедување врвна онколошка грижа, примена на современи технологии и постојано унапредување на квалитетот на лекувањето.
