OДДЕЛ ЗА МАЛИГНИ ТУМОРИ НА ГЛАВА И ВРАТ има простор, опрема и медицински кадар за извршување на високо специјализирана здравствена заштита (специјалистичко-супспецијалистичка, консултативна, болничка и наставно–научна дејност).
На овој Оддел се лекуваат пациенти со дијагностицирани малигни тумори во пределот на главата и вратот.
Сите дијагностицирани пацинти се лекувааат во однос на стадиумот во кој се наоѓа болеста, а видот на лекување го определува лекар онколог-радиотерапевт.
Дијагностичката и терапевтска дејност на Одделот се спроведува преку следните стандардни оперативни постапки/процедури, поврзани со спроведување на протоколи од терциерно ниво на здравствена заштита:
- Модулирање на интензитетот на зрачна терапија,
- 3Д конфорална терапија,
- Радиотерапија со електрони
Се користат современи тераписки протоколи и методи според препораките од Законот заздравствена заштита, во склад со протоколите од Медицина базирана на докази објавени воСлужбен весник 2014 година и надополнети во 2015 година.