НА ОДДЕЛОТ ЗА МАЛИГНИ ТУМОРИ НА БЕЛИ ДРОБОВИ има простор, опрема и медицински кадар за извршување на високо специјализирана здравствена заштита (специјалистичко-супспецијалистичка, консултативна, болничка и наставно–научна дејност).
На Одделот се лекуваат пациенти со дијагностицирани малигн тумори на бели дробови.
Дијагностичката и терапевтска дејност на Одделот се спроведува преку следните стандардни оперативни постапки/процедури, поврзани со спроведување на протоколи од терциерно ниво на здравствена заштита:
- Модулирање на интензитетот на зрачна терапија,
- 3Д конфорална терапија,
- Радиотерапија со електрони
Се користат современи тераписки протоколи и методи според препораките од Законот заздравствена заштита, во склад со протоколите од Медицина базирана на докази објавени во Службен весник 2014 година и надополнети во 2015 година.