ОДДЕЛ ЗА МАЛИГНИ ТУМОРИ НА ЦНС, КОЖА И КОСКИ има простор, опрема и медицински кадар за извршувањена високо специјализирана здравствена заштита (специјалистичко-супспецијалистичка,консултативна, болничка и наставно–научна дејност).

На одделот се лекуваат пациенти дијагностицирани со: примарни тумори на ЦНС, кожа и коскени тумори.

Дијагностичката и терапевтска дејност на одделот се спроведува преку следните стандардниоперативни постапки/процедури, поврзани со спроведување на протоколи од терциерно ниво наздравствена заштита:

-Одредување на стадиумот на болеста на пациентите преку интерпретација на хистопатолошки и молекуларни наоди добиени од претходни дијагностички и  тераписки процедури

-Евалуација и интерпретација на сликовните иследувања заради одредување на стадиумот на болеста

-Одредување на работниот статус на пациентот

-Поставување на индикација за онколошки третман (радиотерапија и хемотерапија)

-Делинеација на третманските волумени и волумените на органите од ризик врз база на достапните сликовни иследувања

-Симулација на третманот со користење на класичен симулатор и/или симулатор со компјутеризирана томографија

-Препишување на радиотераписката доза и евалуација на третманскиот план (3D-CRT/IMRT)

-Верификација на зрачниот третман

-Интерпретација на верификацијата на зрачниот третман преку евалуација на мегаволтните, киловолтните и CBCT слики добиени со портален уред или “on-board imaging device” 

-Следење на несаканите ефекти од зрачниот третман

-Администрирање на симтоматска терапија

-Администрирање на цитостатска терапија

-Администрирање на целна терапија

-Администрирање на имуно терапија

-Администрирање на биолошка терапија

-Следење и интерпетација на несканите ефекти од цитостатска, целната, имунолошката и биолошката терапија

-Евалуација на одговорот од онколошката терапија 

-Спроведување на 24 часовен хоспитален надзор и следење на сите терапевтскипроцедури и компликации поврзани со нив кај пациентите со примарни тумори на ЦНС, кожа и коскени тумори

-Социјална грижа и психолошко згрижување на пациентите лекувани со радиотерапија, хемотерапија, целна терапија и имунотерапија

-Практикување и развивање фармаковигиланса: следење, купирање и пријавување на несаканите ефекти од аплицираните лекови

-Се повикува за второ мислење за здравствена постапка или услуга која не сеизведува од профил на здравствен работник застапен на клиниката, или заизведување на интервенција, колеги од различни медицински профил

Се користат современи тераписки протоколи и методи според препораките од Законот заздравствена заштита, во склад со протоколите од Медицина базирана на докази објавени воСлужбен весник 2014 година и надополнети во 2015 година.


image