ОДДЕЛ ЗА МАЛИГНИ ТУМОРИ  НА ГРАДЕН КОШ КАЈ ЖЕНАТА има простор, опрема и медицински кадар за извршување на високо специјализирана здравствена заштита (специјалистичко-супспецијалистичка, консултативна, болничка и наставно–научна дејност).

На Одделот се лекуваат пациенти на со дијагностицирани малигни тумори на градниот кош кај жени. 

Дијагностичката и терапевтска дејност на Одделот се спроведува преку следните стандардни оперативни постапки/процедури, поврзани со спроведување на протоколи од терциерно ниво на здравствена заштита: 

- Хемотерапија

- Радиотерапија

- Хормонска терапија


 Се користат современи тераписки протоколи и методи според препораките од Законот заздравствена заштита, во склад со протоколите од Медицина базирана на докази објавени воСлужбен весник 2014 година и надополнети во 2015 година.


image