Новости од клиниката
Формална соработка со Геријатрија Скопје
Во светот на медицината, соработките меѓу различни здравствени институции играат клучна улога во подобрувањето на квалитетот на здравствените услуги.
Во таа насока, со задоволство објавуваме дека ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија предводена од Проф. д-р. Игор Стојковски и ЈЗУ Специјална болница за геријатриска и палијативна медицина предводена од Прим.д-р. Ленче Нелоска, иницираа воспоставање на формална соработка.
Оваа соработка не само што ќе го зајакне нашиот здравствен систем, туку исто така ќе се одрази на унапредувањето на квалитетот на животот на пациентите.
