ОДДЕЛОТ ЗА ХИСТОПАТАЛОГИЈА И КЛИНИЧКА ЦИТОЛОГИЈА има простор, опрема и медицински кадар за извршување на високо специјализирана здравствена заштита (специјалистичко-супспецијалистичка, консултативна, болничка и наставно–научна дејност).
Во хистопатологија:
- Мала биопсија - 1 калап
- Повеќе биопсии - до 3 калапи.
- Дополнително хистохемиско испитување на мала биопсија (гастробиопсија, ректобиопсија, бронхобиопсија)
- Дополнително хистохемиско испитување на повеќе биопсии (мултитипни биопсии од повеќе одделни локации),
- Оперативен материјал со повеќе пресеци (кожа, желудник, црево, матка, жолчно ќесе и др.)
- Дополнително хистохемиско испитување на оперативен материјал со повеќе пресеци (кожа, желудник, црева)
- Дополнитено хистохемиско испитување на оперативен материјал со повеќе полусериски пресеци и мапирање
- Дополнително хистохемиско испитување на оперативен материјал со pTNM
- Дополнително имунохистохемиско испитување на хистолошки материјал со најмногу 5 антитела.
- Дополнително имунохистохемиско испитување на хистолошки материјал со 6-10 антитела.
- Дополнително имунохистохемиско испитување на хистолошки материјал со повеќе од 10 антитела.
- Автоматизирана имунохистохемија со UltraViewDAB/UNKA8 пакет до 5 антитела.
- Aвтоматизирана двојна сребрена ин ситу хибридизација (SISH),
- Хромогена ин ситу хибридизација
Во цитологија:
- Аспирациона биопсија на површен орган
- Аспирациона биопсија на површен орган со дополнителна цитоспин техника
- Дополнително имуноцитохемиско испитување на цитолошки материјал
- Амбулантска анестезија
- Цитодијагностика на телесни течност
- Цитодијагностика на размаски.
- Цервикална цитологија на цитоскрин
- Интервентна сонографска пункција /пункциона, аспирациона биопсија на дојка и меки ткива водена под ЕХО.
Се користат современи тераписки протоколи и методи според препораките од Законот за здравствена заштита, во склад со протоколите од Медицина базирана на докази објавени во Службен весник 2014 година и надополнети во 2015година.