ОДДЕЛОТ ЗА ЦИТОСТАТСКА ТЕРАПИЈА- ДНЕВНА БОЛНИЦА се спроведува терапија и  долгогодишна контрола на пациентите со  малигни тумори.

Одделот има за цел да обезбеди повисок степен на квалитет на живот кај малигно болни со избегнување на хоспитализација секогаш кога е можно.

 Во одделот за дневна болница се врши третман на пациентот, според кој за здравствените услуги за дијагностика, терапија, нега и рехабилитација кои се вршат на секундарно ниво е потребно сместување на болните само во определено време во текот на денот а не 24 часа. Предноста од водењето на болните во Дневната болница е можноста да не користат боледување (да одат на работа), а за отсуствата во текот на третманот во Дневната болница добиваат потврда за нивното лекување во истата.

Дијагностичката и терапевтска дејност на одделот се спроведува преку следните стандардни оперативни постапки/процедури, поврзани со спроведување на протоколи од терциерно ниво на здравствена заштита и тоа:

- Прием на пациенти за хоспитално лекување чија состојба и природа на заболување не

дозволуваат испитувањата и лекувањата во вон болнички услови;

- Спроведување на дијагностички постапки за дефинирање и прецизирање на природа  на заболувањето и потребата од натамошен третман.

Во овој оддел се формира оддение за психолошка подршка и подршка. 

Дијагностичката и терапевтска дејност на одделот се спроведува преку следните стандардни оперативни постапки/процедури, поврзани со спроведување на протоколи од терциерно ниво на здравствена заштита и тоа:

- Психолошки третман на онколошки болни е психички аспект на лечење на онколшки болести. Истото преку пронаоѓање на најдобриот начин за откривање, мерење и третман на психолошки стрес и психолошки промени во функционирањето на личноста.

- Третирање на психолошкиот, социјалниот,  бихејвиоралниот  и етичкиот аспект на канцерот со кој се овозможува на пациентите и нивнит семејства да имаат пристап за помош на нивните емоционални потешкотии.

- Потреба од психолошка грижа преку идентификување на  психолошките и психосоцијалните потреби со психолошка поддршка на пациентите и нивните семејства  пред почетокот и време на третманот.

Се користат современи тераписки протоколи и методи според препораките од Законот за здравствена заштита, во склад со протоколите од Медицина базирана на докази објавени во Службен весник 2014 година и надополнети во 2015година.

image